
Јотова ја критикуваше идејата за укинување на ветото за проширување на ЕУ
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ја критикуваше политиката на проширување на Европската унија. На форумот „Европската унија се среќава со Балканот“ организиран од европратеникот Илхан Кучук, Јотова рече дека билатералните односи на Бугарија со Македонија не се проблем нашата држава да започне преговори со Европската унија.
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ја критикуваше политиката на проширување на Европската унија. На форумот „Европската унија се среќава со Балканот“ организиран од европратеникот Илхан Кучук, Јотова рече дека билатералните односи на Бугарија со Македонија не се проблем нашата држава да започне преговори со Европската унија.
Во изјавата за еврокомесарката за проширување Марта Кос, Илијана Јотова истакна дека речиси 15 години Европската унија заборавила да го спроведе таканаречениот „Солунски процес“ во политиката на проширување на Западен Балкан. Јотова потсети дека дури во 2018 година, за време на бугарското претседателство, процесот беше активиран, но последователно заборавен и актуелната Европска комисија не дава јасни пораки за посветеност на проширувањето кон Западен Балкан.
Таа исто така го критикуваше фактот дека Европската унија планира да го реши проблемот преку т.н. квалификувано мнозинство.
„Не можам да се согласам со обидите за промена на едногласноста во одлучувањето, особено за прашањето за проширувањето“, рече Јотова.
Според неа, не може да има компромиси со условите за проширување и додаде дека барањата за Република Северна Македонија се дел од преговарачкиот процес со Европската Унија, а не со Бугарија.
„Бугарија не поставува дополнителни услови за процесот и преговорите на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европа. Нема проблем со билатералните односи. Овие билатерални односи не се проблем Република Северна Македонија да не ги започне преговорите со Европската Унија. Патем, ова е тезата на нашите колеги од Република Северна Македонија. Ние продолжуваме да веруваме дека правата на Бугарите во Република Северна Македонија не се заштитени“, рече Јотова.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос рече дека треба да размислуваме надвор од временската рамка во време кога нема утврдени стандарди за проширување. Еврокомесарката уште еднаш истакна дека проширувањето е приоритет на Европската унија и не е само декларативно.