Јотова: Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари

„Политичкото проширување на Европската Унија, вклучително и европската перспектива на Република Северна Македонија и нејзините односи со Бугарија се во основата на бугарската и европската надворешна политика“ изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова.

Јотова порача дека секој којшто сака да биде дел од европското семејство треба да сфати дека тоа не е банка ниту донатор, туку слобода и заштита на човековите права.

„Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари, за вистинско добрососедство, почитување на историјата“ – изјави таа.

Според Јотова, успех на бугарската надворешна политика е опстојувањето на бугарската позиција за впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.

„Тоа е пример како успеваме кога работиме заедно сите институции и политички партии“ – додаде таа.