Јотова порачува дека ЕУ не е ниту банка ниту донатор и бара гаранции од Македонија

Бугарската потпретседателка, Илијана Јотова бара права за Бугарите во Македонија и гаранции за тоа.

Таа вели дека секој што сака да биде дел од европското семејство мора да разбере дека тоа не е ниту банка ниту донатор, туку слобода и заштита на човековите права.

„Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари, за вистинско добрососедство, почитување на историјата“, вели Јотова.

Таа рече дека пример за успех е тоа што сите партии и институции работат за внесување на Бугарите во Уставот.  Во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е против отворање на Уставот.