Јотова: На Бугарија и е потребна силна политичка влада, експертска влада не е решение
- Секогаш во криза, особено толку длабока како што сме ние веќе четири години, со оваа нестабилност и блокирана држава, за мене е поважно да има одговорност на политичка влада. Секое друго решение значи криење зад сцената, договори и компромиси, коментираше потпретседателката на Бугарија.
Треба да имаме силна политичка влада, експертската влада не е решение, изјави денеска потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, јави БТА.
– Внимателно ги следам сите предизборни дебати и пораки од страна на политичките сили. Колку повеќе ги следам, толку повеќе се уверувам дека треба да имаме силна политичка влада, со јасна одговорност од политичките партии. Експертската влада не е решение, смета Јотова.
– Секогаш во криза, особено толку длабока како што сме ние веќе четири години, со оваа нестабилност и блокирана држава, за мене е поважно да има одговорност на политичка влада. Секое друго решение значи криење зад сцената, договори и компромиси, коментираше потпретседателката на Бугарија.