
Јорданова: Исчекор би било доколку Фон дер Лајен го прифати речникот на Кошта
Исчекор во однос на нашата земја би било доколку таа го прифати речникот на Кошта, па да зборува и за можни гаранции за Македонија во овој ЕУ пат, изјави во магазинот „Трилинг“ експертот за ЕУ интеграции, Малинка Ристевска Јорданова, околу посетата на шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен на Скопје.
„Доаѓањето на Урсула фон дер Лајен е традиционална есенска посета на регионот. Таа го посетува целиот регион, не е исклучок Македонија и затоа не би ја ставила во контекст на локалните избори, иако е малку ризично што доаѓа токму сега, од можни влијанија на вакви посети врз исходот од изборите, иако кога зборуваме за локални избори во европски рамки тогаш повеќе зборуваме за локални политики, но кај нас тема се и националните прашања.
-Моите очекувања од нејзината посета не се преголеми. Следејќи ги сите нејзини настапи во однос на проширувањето и на регионот таа ги носи традиционално пораките дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ, дека ќе бидеме оценувани според сопствените критериуми и тн. Исчекор во однос на нашата земја би било доколку таа го прифати речникот на Кошта, па да зборува и за можни гаранции за Македонија во овој ЕУ пат, изјави во магазинот „Трилинг“ експертот за ЕУ интеграции, Малинка Ристевска Јорданова, околу доаѓањето на шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен во Скопје, четири дена пред првиот круг од локалните избори.