
Јон Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ по обвинувањата дека користел кокаин
Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски, се повлекува од функцијата во партијата по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин, по што го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци.
Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски, се повлекува од функцијата во партијата по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин, по што го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци.
„Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста од катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ, но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ. Од морални причини се повлекувам од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ. Фала на семејството и пријателите за поддршката во целава гнасна хајка во која ме втурнаа платениците на ДПМНЕ“, напиша Фрчкоски.
Претходно пратеникот Бране Петрушевски на прес конференција искаѓа „голема шокираност“ од иформацијата на социјалните мрежи каде што се гледа дека Јон Фрчкоски користи бели наркотични супстанци.
-Не знаеме дали e навистина тоа, но поради јавниот интерес граѓаните заслужуваат одговори. Инаку Јон Фрчкоски е синче на Љубомир Фрчкоски, поранешен министер во владите на СДС, несуден дипломат и еден од татковците на криминалната транзиција. Неговото синче пак, Јон Фрчкоски, на прес-конференции тврдеше дека селективна правда е неправда за случајот во Кочани. Бидејќи тоа е точна констатација со која се согласуваме, јавно го прашуваме Јон Фрчкоски дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин? Ако тоа е точно, дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, каде беше помошник директор? Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци? Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?
Сведочиме на време во кое размазените синчиња на комунистичката црвена буржоазија, која го создаде трулиот и корумпиран систем, сега без ронка срам и образ злоупотребуваат трагедии, а еве што прават во слободно време, рече Петрушевски.