
Јон Фрчкоски одговори на нападите на ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата на власта како да е од Третиот рајх
‘Мигранти за пари’ и забраната на слободата на говор со изгласаната резолуција, по примерот на декретот од Третиот рајх“, рече Фрчкоски, кој реагираше и зошто ВМРО-ДПМНЕ го споменува неговиот татко, Љубомир Фрчкоски.
По секојдневните напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ, членот на новиот Извршен одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска излезе на прес-конференција за да возврати со контраудар.
Тој спомна повеќе од работите што ги зборува СДСМ овие денови –дека од Британија наводно ќе се носеле мигранти за пари, за сомнителни милионски тендер од во самото седиште на владата, за влегувањето на српската Алта банка во Македонија.
„Одеднаш почнуваат да излегуваат вести за СДСМ, за наводни тендери со кои СДСМ нема никаква врска. На секоја вест ни го лепат ДУИ.
Ова нивното е чист дефокус. Да постоеше нешто реално, одамна ќе реагираа. Сега ова е нивен сензационализам со цел да ги прикријат двете главни теми:
‘Мигранти за пари’ и забраната на слободата на говор со изгласаната резолуција, по примерот на декретот од Третиот рајх“, рече Фрчкоски, кој реагираше и зошто ВМРО-ДПМНЕ го споменува неговиот татко, Љубомир Фрчкоски.
Тој рече дека снимката со наводниот кокаин била од пред пет години:
„Може да се види на фотографијата колку сум помлад, послаб. И за тоа веднаш ја презедов целосната одговорност. За разлика од нив, за кои имаме куп материјали, јас веднаш излегов јавно и ја презедов одговорноста. Со она што се случи ги повредив само моите најблиски – моите родители, моето семејство, децата.
Ним ова најтешко им падна, а мене ми е искрено жал. Ниту еден граѓанин не беше загрозен на каков било начин, освен моите најблиски. Бев млад…“