Советникот во Советот на Град Скопје Горјан Јовановски кој доаѓа од иницијативата „Зелен Хуман Град“ ги прозва надлежните од Град Скопје за нивната неажурност, бавност и непостапување, пренесе СкопјеИнфо.
Како и секогаш, младиот активист, се „побуни“ и порача дека „Ако јас како советник не можам да дојдам до овие информации, може само да се смееме дека граѓанин може да дојде до нив“.
Ова е неговата фејсбук објава:
Мала визуелизација на (не)ефикасноста на работата на Град Скопје:
а) 2 месеци ја чекам дозволата што сме ја издале на Пуцко Петрол за пералната кај Алумина (колегата на одмор бил)
б) 12 месеци со Шанса за Центар чекаме да се постават успорувачи на брзина на коловозот пред средното Св. Наум на ул. Козле (СВР главеле)
в) 18 месеци ја чекам дозволата што градот ја издал за Uniqa да бетонираат градска зелена површина на Илинденска за да постават билборд (во зоната на самракот сигурно ја принтаат)
г) 18 месеци чекаме да се набават и постават компостари + мерачи за воздух за градска мрежа (тендерите никако да поминеле)
Џабе се моите повици, мејлови, посети во самите сектори, секогаш има причина зошто не може да дојдеме до финализација на проект. Ако јас како СОВЕТНИК не можам да дојдам до овие информации, може само да се смееме дека граѓанин може да дојде до нив.