Јовановиќ: Најдоа милијарда евра за функционерски плати, а за работниците…

„Не може обичните работници да не добиваат покачување на плати кога имаме инфлација од 25 отсто во овие две години, а самите државни функционери си ги покачија платите од 78 отсто, не е праведно и не е економски издржано“, вели поранешниот министер за финасии Бранимир Јовановиќ во врска со најавите за генерален штрајк на вработените во УЈП и Царина – право кое им го оспорува министерот за финасии, Бесими.

„Буџетот е повисок од минатата година. Една милијарда и нешто се вкупните плати на сите службеници од 5 милијарди колку што тежи Буџетот. Најдоа една милијарда за сите други работи, а не можат да најдат 100, 200 илјади колку што се потребни за покачување на платите на работниците. Апсолутно тоа не е издржано. Државата никогаш нема пари, но може да ги најде, проблемот е отсуство на политичка волја“, вели Јовановиќ за тв Алфа.

Тој смета дека е легитимно праворто на вработените во УЈП да штрајкуваат.

Ако УЈП сака да направи вистински штрајк, апсолутно може тоа да го направи и тоа е апсолутно легитимно средство , и УЈП се во право , Поентата на штрајкот е да покаже дека не се работите како што треба во државата, да блокирате дел од државата и да го насочат својот револт кон функционерите“, вели Бранимир Јовановиќ економски истражувач и професор.

До крајот на следната недела ќе се знае дали помирувачот- професор Лазар Јовески ќе успее да ги доближи ставовите помеѓу УЈП и Владата.