Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, која во нејзиниот мандат постојано разрешува и именува директори на јавните претпријатија, овојпат избра кадар на ДУИ за директор на ЈП „Паркови и зеленило“.
Јетон Бучи ја добил функцијата пред неколку дена, а тоа беше објавено на Фејсбук профилот на неговата партија.
„За директор на јавното претпријатие `Паркови и зеленило` е именуван Јетон Бучи“, пишуваaт од ДУИ.
Последниот директор на ова јавно претпријатие, Мартин Ангеловски, сам си поднесе оставка.