Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО е позитивен на коронавирусот, соопшти денеска портпаролот на Алијансата, а веста ја пренесуваат светските медиуми.
Портпарол на Столтенберг на Твитер напиша дека првиот човек на Алијансата има благи симптоми на вирусот.
Според информациите, Столтенерг во наредните денови ќе продолжи да работи од дома, во рамките на белгиските протоколи за спречување на ширењето на коронавирусот.