Јеменските Хути со хиперсонична ракета го погодија аеродромот во Тел Авив

Балистичка ракета лансирана од Јемен го погоди подрачјето на израелскиот аеродром Бен Гурион, оштетувајќи пат и возило, и предизвикувајќи прекин на авиосообраќајот.

Балистичка ракета лансирана од Јемен го погоди подрачјето на израелскиот аеродром Бен Гурион, оштетувајќи пат и возило, и предизвикувајќи прекин на авиосообраќајот.

Како што јави Ал Џезира, според болнички извори, осум луѓе се повредени.

Израелската војска потврди дека нејзиниот одбранбен систем не успеал да собори хиперсонична балистичка ракета во неделата наутро и покрај неколку обиди за пресретнување.