Јелен: Нема рецесија во САД доколку неврaботеноста е најниска во последните 53 години

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, денеска изјави дека гледа начин за избегнување на рецесијата во САД, со значително намалување на инфлацијата.

Јелен нагласи дека за такво нешто американската економија треба да остане силна, што, како што вели, е можно со оглед на силата на пазарот на труд во САД, пренесоа британските медиуми.

-Немате рецесија кога имате 500.000 работни места и најниска стапка на невработеност во последните 53 години, рече таа.

Министерката додаде дека инфлацијата се уште е превисока, но дека се намалува во последните шест месеци.

-Инфлацијата може значително да се намали со оглед на мерките усвоени од администрацијата на Бајден, вклучително и чекорите за намалување на цените на бензинот и лековите на рецепт, нагласи американската министерка за финансии.