
Јелена Карлеуша побара државно одликување: „Јас сум мајката на ЛГБТ правата на Балканот“
„Цели генерации беа под мојот чадор и од мене црпеа сила да ја кренат главата и да се борат за своите права. Моја децениска борба им даде видливост и храброст. Јас сум мајката на човековите права за ЛГБТ заедницата“, напиша Карлеуша.
Пејачката Јелена Карлеуша со обемен статус на социјалните мрежи изјави дека никој друг на Балканот не направил толку за ЛГБТ заедницата колку што направила таа.
„Цели генерации беа под мојот чадор и од мене црпеа сила да ја кренат главата и да се борат за своите права. Моја децениска борба им даде видливост и храброст. Јас сум мајката на човековите права за ЛГБТ заедницата“, напиша Карлеуша.
Таа додаде дека нејзиниот придонес заслужува многу повеќе од симболична титула „кума на Парада на гордоста“ и побара државно признание – орден за човекови права.
„Она што го направив јас не го направил никој. Тоа не заслужува титула, туку државно одликување“, истакна пејачката.
Интересно, најсилната критика Карлеуша ја упати токму кон дел од ЛГБТ заедницата. Според неа, по падот на настрешницата и масовниот медиумски линч врз неа и нејзиното семејство, најголемиот напад дошол од геј уредници, активисти и припадници на шоу-бизнисот.
„Од нив добив најсилна омраза, таргетирање и обесмислување на мојата борба. Тоа беше колективен напад на личноста, нешто што во модерното општество се нарекува атентат на индивидуата“, изјави таа.
Карлеуша ги спомена и имињата на други јавни личности кои биле поврзувани со Прајдот, но ги оцени како „небитни и смешни“ во споредба со нејзиниот придонес.
„Никакви Оливери, Зејни или Бојани не треба да бидат куми на Прајдот, бидејќи тие не се релевантни. Во споредба со мојот ефект – тие се засекогаш смешни“, порача таа.
Пејачката заврши со став дека нападите врз неа се дел од „политички тренд“, но дека нејзината улога и придонес ќе останат врежани во историјата: „Многумина сакаат да го ‘убијат сведокот’ на нивната сопствена минатост, но тоа нема да им појде од рака“, напиша Јелена Карлеуша.