Ја убил сопругата во автомобил, па се обидел да се самоубие, ама преживеал

Никола Цумбо од Шипово (Република Српска) ја убил својата сопруга Анѓелка, а потоа се обидел да се самоубие, дознава Српска инфо.

Според неофицијални информации, Камбо ја застрелал сопругата во автомобилот и таа починала на лице место.

Потоа пукал во себе, но преживеал и со тешки повреди бил пренесен во болница.

– Во полиција било пријавено дека во 7 часот и 45 минути било извршено убиство и обид за самоубиство. Во тек е истрага што ја води дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бања Лука – соопштија од полицијата.

Како што неофицијално се дознава, зад себе оставиле две малолетни деца.