Зорица Ц.(69) е пронајдена мртва во куќата во Ниш, а се сомнева дека била убиена од нејзината ќерка Марина Ц. Осомничената по злосторството избегала од местото, а се уште не се знае дали полицијата ја уапсила.
Злосторството се случило синоќа, а според првичните информации Марина со нож ја убила мајка си.
Полицијата од синоќа е на местото на злосторството.
Соседите тврдат дека се работи за семејство кое и претходно имало проблеми и конфликти, а претходно интервенирала и полицијата.
„Во таа куќа со сопругот и двете ќерки живеела З.Ц. Една од нив, М.Ц., била психијатриска пациентка, повеќе била во болница отколку дома. Во селото се зборувало дека мајката двете ќерки ги чувала во секта и дека тоа имало последици по нив. Поради ова, М.Ц, откако одбила да биде во сектата, претрпела малтретирање од страна на нејзиниот татко и мајка. Ме замоли лично да бидам нејзин сведок за да ги тужам мајка и и татко и, но јас секогаш и велев: `Ништо не видов, како да бидам твој сведок?`, раскажала сосетката.
Како што рекоа, вчера се слушнале врисоци и плач, но никој не се посомневал дека се случило убиство.
Тие потоа ја виделе полицијата и брзата помош и тогаш им било јасно дека се случило нешто страшно.
Во текот на истрагата ќе се утврдат сите околности на кривичното дело.