Ја пласираше Чешка на ЕП-2024, па си поднесе оставка !

Фудбалската репрезентација на Чешка ја победи Молдавија (3:0) и го верификува настапот на завршниот трурнир од ЕП-2024.

Но, неколку часа по овој успех стигна изненадувачка вест дека селекторот Јарослав Шилхави поднел оставка поради повеќе месечните критики од тамошната јавност која не била задоволна од играта која ја прикажува Чешка !

-Притисокот беше голем, а искрено понекогаш и не го разбирав – изјавил Шилхави, кој со својот потег на крајот сепак ја изненади јавноста, иако со месеци наназад ја бараше неговата „глава“.

Шилхави беше селектор на Чешка од 2018 година и ја предводеше на 60 натпревaри.

Има скор од 29 победи, 10 нерешени и 21 пораз. Чешка под негово водство обезбеди два настапи на ЕП, а не ги помина квалификациите за СП-2022 во Катар.