Јасна порака од шефот на Стејт департментот: „Го осудуваме тероризмот во сите негови форми и се солидаризираме со народот на Русија“

Шефот на американскиот Стејт департмент, Ентони Блинкен, го осуди терористичкиот напад врз „Крокус сити хол“.

– САД најостро го осудуваат вчерашниот смртоносен терористички напад во Москва. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите и нивните најблиски. Го осудуваме тероризмот во сите негови форми и се солидаризираме со народот на Русија кој тагува за загубените животи – рече тој.

Според рускиот истражен комитет, бројот на загинати во терористичкиот напад се искачи на 143.