Јапонците слетаа на месечината

Паметниот лендер за истражување на месечината успешно слета на нејзината површина во близина на екваторијалниот кратер. Овој подвиг ја направи азиската нација петта земја кој успешно испрати мисија на природниот сателит на Земјата, по САД, Советскиот Сојуз, Кина и Индија.

Но веднаш по следувањето беше констатиран проблем односно соларниот систем не почнаа да генерираат енергија која би го напојувала погонот. Инженерите се борат да ја спасат мисијата, но доколку не успеат во тоа, таа ќе трае само неколку часа додека целосно не биде исцрпена енергијата од батериите на возилото.

Јапонската вселенска мисија ги започна своите маневри за спуштање од надморска височина од 15 километри на полноќ во сабота по локално време, а контактот со месечината го оствари 15часот и 20 минути по Гринич. Локацијата на слетување, во близина на кратерот Шиоли, моментално е облеана со сончева светлина, но темнината на лунарната ноќ ќе се врати таму на крајот на месецот. Вселенската станица Јаха до сега два пати успешно слета свои роботи на астероиди. Ова за Јапонија е историски подвиг и прашање на престиж, доказ дека иако е многу помала може да им конкурира на Кина и САД.