Јапонија засега нема да признае палестинска држава

Јапонија засега нема да признае палестинска држава, а премиерот Шигеру Ишиба ќе го прескокне состанокот за ова прашање на Генералното собрание на Обединетите нации овој месец, изјавија денеска владини извори за јапонските медиуми.

Токио ја донесе одлуката очигледно во светлината на тековниот конфликт на Хамас со Израел и ставот на Вашингтон, најважниот сојузник на Јапонија, за ова прашање, велат изворите. По одлуката, не се очекува јапонскиот премиер Шигеру Ишиба да присуствува на меѓународна конференција за палестинското прашање во седиштето на ОН во Њујорк подоцна овој месец.

Јапонската влада е загрижена дека признавањето би можело да ја зајакне позицијата на Израел и да ја влоши палестинската хуманитарна криза, велат изворите.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се спротивставува на признавањето, додека Франција, Велика Британија, Канада, Белгија, Австралија и Луксембург се очекува формално да ја поддржат палестинската државност на конференцијата на 22 септември во седиштето на ОН.

Јапонија постојано изразува поддршка за решение за две држави за израелско-палестинскиот конфликт.