„Руското гранатирање на хемиски погони во Украина може да предизвика „катастрофа од големи размери“. Ова предупредување го испрати словенечкиот премиер – Јанез Јанша на почетокот на специјалниот самит на НАТО.
„Загрижени сме кога гледаме дека руските сили гранатираат хемиски постројки и слични објекти. Ова може да предизвика катастрофа од големи размери“ – рече тој.
Јанша додаде дека не мисли дека руската војска намерно ќе користи хемиско или биолошко оружје од тактички причини, додавајќи дека тоа би било „многу немудро“.