Јанша: Ако се почитуваат правилата, може да се избегнат драстични мерки против Ковид 19

Премиерот на Словенија – Јанез Јанша вели дека словенечката влада избегнува да воведе нови мерки што е можно подолго во актуелниот бран на епидемијата на Ковид-19 предизвикан омикрон варијанта на коронавирусот.

„Ако е можно, нема да ги заостриме сегашните мерки и се надеваме дека ќе го минеме овој бран со почитување на сегашните мерки, изјави Јанша за Словенечката телевизија, но додаде дека земјата е доведена „до раб“ поради големиот број заразени што се должи на релативно ниската стапка на вакцинација. Дали ќе бидат потребни драстични заострувања зависи од поголема вакцинација, која би ги ублажила последиците од толку голем број заразени лица, додаде словенечкиот премиер и ги повика сите да се придржуваат до мерките и правилата кои се во сила“ вели Јанша.

Според него, без драстични мерки, сегашната сериозна епидемиолошка состојба би можела да се надмине. Тој потсетува дека добар дел од јавноста е против воведувањето задолжителна ванцинација.