Јанчев најави тужба до ФФМ за натпреварот Тиквеш-Шкупи

Првиот човек на општина Кавадарци, Митко Јанчев незадоволен од делењето на фудбалската правда на  дуелот од 10 коло во Првата лига меѓу Тиквеш и Шкупи најави кривична пријава за  главниот судија на мечот.

Јанчев смета дека ФК Тиквеш бил оштетен од судиите во дербито на 10 коло од Првата лига за пенал и недосуден регуларен гол.

Поради тоа градоначалникот на Кавадарци најави кривични пријави за судиите и тужба до Фудбалската федерација на Македонија.

Главен судија на мечот во Кавадарци беше Јован Качевски од Струга.