Поранешниот претседател на Украина – Виктор Јанукович кој во два наврати беше и премиер на Украина вчера му се обрати на актуелниот шеф на држават – Володомир Зеленски и му порача:
„Зеленски е должен по секоја цена да го запре крвопролевањето и да постигне мировен договор, нема власт што би била поскапоцена и поважна од крвта на нашите деца“.
Тој посочува дека украинскиот режим ја започна војната, која резултираше со 14.000 убиени Украинци и 8 години страдање за украинскиот народ.
-Со болка го доживувам сето она што сега се случува во мојата татковина и длабоко сочувствувам со страдањата што Украинците се принудени да ги преживеуваат. Украинскиот режим ја започна војната во Донбас, кој тој го нарече зборот „АТО“ срамежлив збор. Резултатот е четиринаесет илјади убиени и осум години страдање и солзи на мајките“ вели Јануклович.
Тој напомена дека оние кои ја започнаа граѓанската војна во Украина треба да одговораат за своите злодела.