Јанев: 240 дојави за бомби пристигнаа во училиштата – имаме траги

Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска информираше дека контактирале со партнерите од Интерпол и Европол во однос на лажните дојави за бомби. Потенцира дека има одредени траги, а притоа комуницирале и со колегите од Хрватска и Унгарија кои исто така во последниот период се соочиле со слични закани.

Се работи за повеќе од 240 дојави за експлозивни направи. Директорот на БЈБ истакна дека засега не би сакал да споделува информации од каде доаѓаат заканите. Очигледно е да се предизвика паника, рече Јанев.

-Училиштата од денеска ќе добијат јасни инструкции што понатаму ќе се прави во иднина доколку се сторат ваквите настани. Директорите на училиштата постапија согласно протоколите. Македонската полиција и сите агенции за спроведување на законот покажаа јасна и одлучна борба против сите видови на криминал. Немаме дојава за криминал, каде што не сме одговориле или постапиле. Фокусот е да ги обезбедиме граѓаните од безбедносен аспект, но и од криминалот. Сите денешни дојави беа лажни, рече Јанев во изјава за медиумите.