Јанев: Најстрого ќе бидат санкционирани оние што ги предизвикуваат пожарите

Директорот на Бирото за јавна безбедност – Александар Јанев заедно со дел од неговиот тим денеска беа на терен во месноста „Буково“, на тромеѓата помеѓу с. Расино , с. Косел и с. Опејница, каде гори борова шума.

Јанев се заблагодари на пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија.

Упати благодарност и за ангажираноста и посветеноста на хеликоптерските единици при МВР и МО, без чија воздушна поддршка не може да се стават под контрола пожарите, заради тешко пристапните терени.

Тој апелираше до граѓаните:

„Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, да не се фрлаат отпушоци, да не се палат стрништа, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е криминал од највисок степен!”

Најави дека ќе бидат ангажирани сите расположливи дронови, кои ќе бидат во функција 24 часа, заедно со термалните камери, се со цел откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари.