Јаневска: Утврдени нерегуларности на многу Универзитети
Во процесот за контрола на работата на универзитетите и високообразовните установи се утврдени одредени проблеми и недостатоци. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека процесот се уште не е комплетиран туку постепено утврдуваат „една по друга нерегуларност“.
ориентација“, како што стои во актуелниот закон, Јаневска одговара дека со наведувањето на „и друго“ во текстот се опфатени сите видови дискриминација.
-Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација, но по реакциите кои ги имаше во македонската јавност, целокупната јавност, заклучивме дека треба да бидеме внимателни во однос на тоа како се изразуваме. Ние имаме континуитет и во Законот за средно образување се спомнува родовата еднаквост. Да не биде недоразбирање, на крајот на реченицата има „и друго“ што опфаќа секаков вид на дискриминација. Не знам зашто би требало да го оптоваруваме законот и да ги набројуваме сите видови дискриминации кои постојат, затоа што тоа е номотехника. Зборот „и друго“ на крајот на реченицата ги опфаќа сите можни постоечки видови на дискриминација, појаснува министерката во интервјуто за Радио Слободна Европа.