
Јанаки Митровски за случајот со шефицата на ДКСК: Уште една епизода од серијалот „Ноќен кошмар за Македонија“
„Случајот со претседателката на Антикорупциска комисија, во која кон истата е отворена истрага поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело - оддавање службена тајна е само уште една епизода од серијалот Ноќен кошмар за Македонија“, смета адвокатот Јанаки Митровски.
„Случајот со претседателката на Антикорупциска комисија, во која кон истата е отворена истрага поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – оддавање службена тајна е само уште една епизода од серијалот Ноќен кошмар за Македонија“, смета адвокатот Јанаки Митровски.
„Имаме состојба во која ОЈО ГОК тврди дека од естрахирани докази на осомничен во случајот „Адитив“ од каде произлегува дека Претседателката на Антикорупциска му одавала службени тајни во смисол против кого има постапка, каков имот се проверува и слично.
-Бидејки кон неа е отворена истрага, а за основната форма на делото Одавање службена тајна е предвидена казна затвор до пет години а доколку се докаже дека мотивот е користољубие тогаш горната граница е дваесет години затвор.
-Би бил наивен да кажам дека сум изненаден сообено поради фактот дека и двете најголеми партии дале највисоки оценки за Претседателката. За мене барем е неспорен фактот дека политичките партии во Македонија се главни генератори на корупцијата“, додава Митровски.
Тој вели дека иако треба да се почитува пресумпцијата на невиност, првата антикорупционерка треба веднаш да си поднесе оставка.
„Претседателката на ДКСК треба итно а си поднесе оставка, иако треба да се почитува пресумпцијата на невиност, но вака сме во парадоксална ситуација да таа и понатаму ќе има на увид слуужбени тајни за кои во моментов е осомничена дека ги одава. Во спротивно Собранието треба итно да ја разреши“, смета адвокатот Митровски.