Вечерва во Трилинг гостуваше човекот кој нема влакна на јазикот, адвокатот Јанаки Митровски. Со него разговараме за актуелни политички теми, но и за неговата збирка од колумни наречена „Разумен сомнеж“.
Со Митровски разговараше новинарката Кристина Атовска, а најпрво тој се осврна на својата на својата збирка, па го објасни терминот „Разумен сомнеж“ за којшто вели дека е термин од кривичното право.
Политичката партизација, непотизмот и корупцијата беа тема од нашата вечерашна емисија. Непосредно на оваа тема, водејќи се по актуелните теми за нечии внуци што се успешни се осврна и адвокатот. Тој ги искоментира, според него, идиотските квоти кои се уште се практицираат согласно Охридскиот рамковен договор.
– Не сум против и факт е дека беа нужност кога се воведоа, но 20 години подоцна сметам дека е доволно и сметам дека има сосема доволна инклузија на помалите етнички заедници. Тоа продуцира неквалитет затоа што имате состојба да бидете од некоја етничка заедница за да бидете пред некој друг. Јас конкретно, мојата етничка припадност е влашка, но таа никогаш не сум ја користел за никакви бенефиции иако сум горд Влав и ја пренесувам мојата култура, вели Митровски.
За судството, актуелните теми со амбасадорите кои го критикуваат нашето правосудство, Рамиз Мерко, но и актелни „жешки“ политички прашања како ЛГБТ парадата и собирот на МПЦ зборуваме со адвокатот Митровски.
Не го пропуштајте целото интервју кое е со многу ексклузивни информации.