Јанакиески осуден на 2 години условна казна во предметот „Дизајн”
Миле Јанакиески – екс – министерот за транспорт и врски и две други обвинети во случајот „Дизајн”, своеволно ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар и беа огласени за виновни и осудени на условна казна од 2 години затвор, која нема да се реализира доколку обвинетите во следните 5 години не сторат ново кривично дело.
Против пресудата странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје, велат од Кривичен суд Скопје.
Воедно, од Судот информираат дека предметот за обвинетиот И.Ј., кој не ја призна вината, продолжува со главна расправа насрочена за 28 март.