Јаков Милатовиќ во дводневна посета на Хрватска

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Загреб ќе се сретне со неговиот црногорски колега Јаков Милатовиќ, со кого, како што е најавено, ќе разговара за отворените прашања на двете земји, позицијата на Хрватите во Црна Гора, Европската унија и НАТО.

Како што соопштија од Кабинетот на хрватскиот претседател, ова е прва посета на Милатовиќ на Загреб, откако во мај годинава ја презеде функцијата шеф на црногорската држава.

Во соопштението се наведува дека Хрватска е првата земја членка на ЕУ која Милатовиќ официјално ќе ја посети по изборот за претседател на Црна Гора.

„Билатералните односи меѓу Хрватска и Црна Гора и можноста за решавање на отворените прашања со договор, позицијата и правата на Хрватите во Црна Гора, продолжувањето на црногорските преговори за членство во Европската унија, сојузничката соработка во рамките на НАТО и политичката ситуација во Југоисточна Европа се Главните теми за кои се разговараше треба да разговараат претседателите Милановиќ и Милатовиќ“, се наведува во соопштението.

Покрај средбата со Милановиќ, Милатовиќ за време на дводневната посета на Загреб ќе се сретне и со претставници на хрватската влада и парламент.

Се потсетува дека Милановиќ досега постојано ја истакнуваше хрватската поддршка за „европскиот пат на Црна Гора“, велејќи дека „Црна Гора има место во ЕУ и дека е добро што Црна Гора е во НАТО“.

Хрватска континуирано и помага на Црна Гора на нејзиниот европски пат, а оваа помош главно се одразува на политичката и техничката помош во преговорите со ЕУ кои започнаа во 2012 година“, се вели во соопштението.

Според официјалните податоци, во Црна Гора живеат околу 6.000 Хрвати, додека проценките говорат за 10.000. Хрватите во Црна Гора се признати како автохтоно национално малцинство, а по последните парламентарни избори Хрватите имаат претставник во Собранието на Црна Гора, член на Хрватската граѓанска иницијатива, Адријан Вуксановиќ.

Трговската размена меѓу двете земји лани, според податоците на Државниот завод за статистика, изнесувала 316 милиони евра или 32 отсто повеќе од претходната година, при што Хрватска имала значителен суфицит во таа размена.

Се наведува и дека хрватските компании се значаен инвеститор во Црна Гора, бидејќи досега инвестирале 294 милиони евра.