(Видео) Јакимовски: Сѐ уште не сум донел одлука за градоначалничка кандидатура за Карпош

За СДСМ истакна дека имало интерес да поддржат негова кандидатура, но на крај решиле да исфрлат свој предлог. Карпош треба да има добар градоначалник, рече Јакимовски, информирајќи дека ГРОМ ќе има кандидат и за Скопје, а расположението во партијата било и за негова кандидатура во Карпош.

Стевчо Јакимовски сѐ уште не открива дали ќе се кандидира за нов мандат во Карпош. Вели анкетите биле на негова страна и дека граѓаните на Карпош му ја давале поддршката во три наврати кога било многу тешко.

За СДСМ истакна дека имало интерес да поддржат негова кандидатура, но на крај решиле да исфрлат свој предлог. Карпош треба да има добар градоначалник, рече Јакимовски информирајќи дека ГРОМ ќе има кандидат и за Скопје, а расположението во партијата било и за негова кандидатура во Карпош.

Очекува исклучително црна кампања и не очекува пресудата за него да стане правосилна бидејќи, како што вели, поминале 4 месеци, а тој ја нема сѐ уште добиено пресудата за да може да ја обжали.

Јакимовски упати понуди до владата за базенот и спортската сала во Карпош – 4.

За базенот, Јакимовски предложи општината да ги преземе обврските од 37 милиони денари, кои досега се уште ги немало платено министерството за спорт, а за спортската сала средствата за реновирање во износ од 80 милиони денари повторно да и се препуштат да ги плати општина Карпош на неколку рати.

Ова, вели Јакимовски во гостувањето на тв 24, била прва јавна понуда до владата и ќе чека одговор од неа.