
Јакимовски: Одиме во втор круг со Сотир, од ВМРО-ДПМНЕ не очекувам коректна кампања
– Влегуваме во втор круг, над 40 % изброени гласови кандидатот на ВМРО води со 266 гласови, тоа е пата-пата ситуација, јасно е изразена волјата на општина Карпош, опозициските гласови се скоро двојно повеќе во однос на владејачката партија, рече Јакимовски.
Актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски потврди дека со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски ќе водат битка за функцијата во вториот круг на локалните избори на 2 ноември.
– Влегуваме во втор круг, над 40 % изброени гласови кандидатот на ВМРО води со 266 гласови, тоа е пата-пата ситуација, јасно е изразена волјата на општина Карпош, опозициските гласови се скоро двојно повеќе во однос на владејачката партија. Да им се заблагодарам на моите противкандидати. Очекувам карпошани и тие се веќе на пат да си одбранат своето достоинство. Да победи знаењето, внимателното работење, рече Јакимовски.
Тој очекува на советничките листи нивната листа да пројде подобро, а смета дека и овој пат нема никој да има мнозинство.
– После избори ќе настапат преговори за формирање на советот. Апел до сите советнички групи да бидат максимално одговорни. По победата во вториот круг дел ќе имплементирам од програмските заложби и на противкандидатите.
Не може да очекуваш коректна кампања од ВМРО-ДПМНЕ, имаше делење на брашно и поткуп со пари.
Сметам дека е крајно нечесно кон граѓаните на Карпош на ваков начин да се влијае врз изборите затоа што таквите работи се минато. Граѓаните на Општина Карпош заслужуваат жестоко санкционирање на оние кои вршат поткуп врз социјално загрозени граѓани во Злокуќани, додаде Јакимовски.