
Јакимовски: Мицкоски сака да им продаде мачка во вреќа на карпошани
-Карпош не е публика за туѓи сценарија и празни ветувања. Граѓаните сакаат луѓе што знаат што направиле, кога направиле и за кого работат, вели Јакимовски.
-Во последните денови сме сведоци на уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да им продаде на граѓаните на Карпош мачка во вреќа. Наместо вистински соочувања и дебати со граѓаните, нивниот кандидат добил строга забрана да зборува. Не смее да се појави на трибини, не смее да одговара на прашања, не смее да зборува без дозвола. Наместо идеи – снима клипчиња со проекти кои јас одамна ги имам реализирано. Наместо визија – повторување на туѓи ветувања, истакнува кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски.
„Ова не е фер кон граѓаните на Карпош, кои заслужуваат чесна, отворена и аргументирана кампања.
Карпош не е публика за туѓи сценарија и празни ветувања. Граѓаните сакаат луѓе што знаат што направиле, кога направиле и за кого работат.
Јас не ветувам, јас покажувам.
Сè што сум кажал – сум реализирал.
Другите нека објаснат зошто кријат, кого претставуваат, и зошто се плашат од граѓаните.
Карпош не заслужува експерименти и неуспешни приправници во политика.
Карпош заслужува луѓе со резултати, искуство и почит кон граѓаните.
Да го одбраниме Карпош. Да го зачуваме достоинството“, порача Јакимовски.