Градоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски вели дека размислува да се кандидира за претседател.
– Да се биде на одредена функција треба да се има многу искуство. Политичкото искуство е многу битно, а ние немаме политичар кој има доволно долго политичко искуство за една таква позиција. Во Хрватска сите претседатели биле избирани според големото политичко искуство, – вели Јакимовски.
Јакимовски го колеба дали ќе има промена на изборниот модел, цензусот, финансирање и собирањето на потписи. Тој вели дека досега не разговарал со политички фактори, но од граѓаните добива поддршка за претседателска кандидатура.
За оние кои пропагираат претседател да се избира во Собранието, а не на непосредни избори, вели дека прават калкулации да се избира претседател Албанец.
– Јас се залагам за претседателски систем. Мислам дека претседателот треба да има повеќе и поголеми ингеренции, – вели Јакимовски и додава дека факт е дека Владата слабо се снајде во времето на ковид-кризата.
Претседателот треба да има поголемо влијание и во судската власт оти него го бираат сите граѓани. Тоа е и причината што треба да биде неутрален, но и да има повеќе ингеренции и подолг мандат.
Во однос на парламентарните избори ГРОМ ќе има листи во сите 6 изборни единици, најавува Јакимовски.
– Мицкоски во декември 2021 години ми рече дека ќе има предвремени избори. Гледаме дека избори нема. Треба да се оди на редовни избори и треба да се оди на Пржинска влада за да се отстранат сите аномалии што ги направила власта во меѓувреме, – вели Јакимовски и појаснува дека на тој начин изборите ќе бидат покредибилни и ќе имаме мирен премин на власта.