Јакимовски до Мицкоски: Ние мислевме дивоградби градела мафијата, а тоа биле твоите партнери
-За тебе се битни оние што градат на државно земјиште, без урбанистички планови и без стандарди. Ние мислевме дивоградби градела мафијата, а тоа биле твоите партнери. Затоа ли го предложи твојот другар за кандидат за градоначалник на Карпош? За да може да дивеете низ Карпош? Е мало сутра, му порача Јакимовски на Мицкоски.
Пред три дена, премиерот Христијан Мицкоски од општина Брвеница порача дека „неговата филозофија во животот е да гради, а не да урива“. Премиерот беше запрашан од новинар дали Македонија ќе го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама во уривање на дивоградбите. Во однос на изјавата, со реакција се огласи градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски.
-Многу јака филозофија си имал. Ти си бил за градење, а знаеш ли дека дивоградбите не се градење туку се анархија. Очигледно твојата филозофија е беззаконие, не постои премиер во светот што поддржува беззаконие, истакна градоначалникот.
За тебе се небитни, како што вели, Јакимовски, луѓето кои што чекаат урбанистички планови, што сакаат да градат по закон, да си платат комуналии и давачки…