Јакимовски: Ако имаше полицаец, Јованов немаше да вози 130 км на час

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски смета дека не треба целата вина околу 20-годишниот Васил Јованов да се префрли врз судот. Според него, треба да се спомене и полицијата, бидејќи, како што вели, „ако имало полицаец на „Партизанска“ возачот немало да вози 130 километри на час“.

-Искрен да бидам ние не можеме да видиме полицаец низ градот. Кај мене до општината, континуирано се вози во обратен правец и кога разговарам со командирите и началниците да пуштат полицаец, за еден ден ќе ја вади платата за цела полициска станица, ќе ви кажат дека немаат луѓе. Добро, за што имаме ние луѓе во оваа држава?

За мене е чудно кога некој ќе каже честитки до Владата, честитки до Пандов, честитки до полицијата…но, мораме да промениме многу работи за да се воведеме во ред. Судијката требаше ли да го запре на „Партизанска“ дека вози 130? За што ни служи полицијата? Ни станала како записничари, рече Јакимовски во емисијата „Само вистина“.