Јадна е државава ако единствен избор се Груевски со 7, Мицкоски со 6 и Ковачевски со 5% рејтинг

Трилинг дилеми.

Зошто да не ги споделам со гледачите. Колку за провокација.

Прво, кој и зошто за американската ИРИ го номинира во анкета и Груевски.

Сега, барем приврзаниците нема да го дочекаат како што избега од државата.

Второ, дали граѓаните, Македонците имаа куса меморија за прислушувањата на најмалку 20 илјади сограѓани.

Ако тоа се заборави како ќе ја паметиме сопствената вековна историја.

И трето, во Трилинг – дали свесно, од небрежност, со умисла, од клиентелизам Судскиот совет на Кривичен го осудил Мијалков и компанијата без утврдени докази во постапката.

Зошто судиите во Апелација долго ја криеја одлуката дека ја поништиле пресудата?

Судиите се независни, но не се амнестирани од критичко јавно мислење и сомневање, ниту живеат под стаклено ѕвоно.

Наскоро ќе се покаже кој се свесно е вклучен во играта за застареност на делата од прислушувањата. Некои од избирачите ќе бидат среќни – им се враќаат братучедите.

Јадна е оваа држава ако единствениот избор им е Груевски со 7 проценти, Мицкоски со 6 и Ковачевски со 5 насто рејтинг.

Во Македонија мнозинството од жителите немаат доверба во институциите, особено во судството и обвинителството.

Судските лавиринти низ политичките коридори ги затвораат патиштата за една просперитетна и европска држава.

Ако тековната меморија некој ни ја блокира, генерациите што заминуваат од државата ќе го паметат овој погром на демократијата.