Јавниот долг на Грција намален за 2,15 милијарди евра во 2025 година, сега изнесува 364,95 милијарди евра
За 2,15 милијарди евра се намалил јавниот долг на Грција за една година и на крајот од 2025 година изнесува 362,8 милијарди евра, наспроти 364,95 милијарди евра на крајот од 2024 година, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Државната агенција пишува дека ликвидните средства на генералната влада, односно целокупниот државен сектор се зголемиле на 39,5 милијарди евра, од 36,2 милијарди евра една година претходно, а доколку се одземат од вкупниот долг, со оглед на тоа дека се дел од него, нето-долгот се намалува на 323,22 милијарди евра, од 328,68 милијарди евра на крајот од 2024 година.
Податоците за јавниот долг, според АНА-МПА, покажуваат и зголемување на репо-трансакциите на државата на 62,8 милијарди евра, од 56,9 милијарди евра на крајот од 2024 година.