Ѕверска партија на 19-годишната нова ѕвезда на НБА лигата – Виктор Вембањама
Сан Антонио спарс по вторпат за три дена славеше победа над Феникс санс во меч од НБА-лигата, овојпат со 132-121, благодарение на дебитантот Виктор Вембањама, кој имаше феноменално издание со 38 поени, 10 скока и по две асистенции и блокади.
Вембањама стана вториот дебитант во Спарс по легендата Дејвид Робинсон, кој на своите први пет меча во НБА постигнал над 100 поени.
Французинот, кој е многу висок и со долги раце, а подвижен и шутира добро како бек, речиси е невозможно да биде запрен и не треба да чуди што ќе има феноменална статистика како за некој што е дебитант во најсилната лига на светот.
На Санс не им помогна ни враќањето на Девин Букер во првата петорка, а немоќен беше и Кевин Дурант.