Ѓорѓиевски: Ја прифаќам поканата за дебата со својот против кандидат Мециновиќ

Кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека ја прифаќа дебатата со кандидатот за градоначалник Амар Мециновиќ.

Кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека ја прифаќа дебатата со кандидатот за градоначалник Амар Мециновиќ.

„Сакам да ве информирам дека ја прифаќам поканата за дебата со мојот против кандидат Амар Мециновиќ, која до мене ја достави Канал 5 телевизија. Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата“, посочи Ѓорѓиевски и додаде:

„Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје.

Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат“.