
Ѓорѓиевски: Јас ќе бидам првиот кој ќе ја изгради првата подземна сообраќајница во Скопје
➡ Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски во однос на тоа дали има шанси да се реализира во неговиот мандат подземната сообраќајница под хотелот Лимак, истакна дека има можност за тоа и ќе се реализира.
Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски во однос на тоа дали има шанси да се реализира во неговиот мандат подземната сообраќајница под хотелот Лимак, истакна дека има можност за тоа и ќе се реализира.
-Првата јавна набавка која што ќе биде распишана, а е поврзана со големи проекти е Лимак, има неколку фази, два кружни тока имаме кон Кисела Вода и еден е елипсоиден кружен тек од страната кај Нова Македонија, ќе бидат веднаш штом ќе влезам во Град Скопје отпочнати процеси за распишување на тендерска постапка за реализација на Лимак, вели Ѓорѓиевски вечерва во гостувањето во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.
Тој додава дека бил во посета на оваа сообраќајница и тоа што е направено под Лимак, вели, е навистина за секоја чест.
-Тоа е нешто несвојствено за државата, затоа ми е сериозен предизвик. Јас ќе бидам првиот кој ќе ја изгради првата подземна сообраќајница во Градот Скопје, а тоа е Лимак и таму тоа што е изградено од сопствениците на Лимак е пресериозна работа, дури и несвојствено за Скопје. Останато е да се доасфалтира. Има осум ленти, по три од страните има за двосмерен сообраќај на автомобилите, и во средината уште две има за автобуси, и тротоари дополнително, порача Ѓорѓиевски.
Тој кажа дека овој проект ќе биде нешто по што ќе го паметат во градот.
-Јас еден ден нема да бидам политичар, треба да оставиме нешто по кое што ќе не паметат. Мене во овој дел од Скопје помеѓу Кисела Вода и Центар, ќе ме паметат по Лимак. Јас ќе бидам човекот што ќе ја изгради првата подземна сообраќајница, а тоа е Лимак. Верувам дека до втората половина од мојот мандат ќе биден ставен во функција Лимак, имајќи предвид дека детално беа прегледани проектите од мојот тим, вели Ѓорѓиевски.
Во однос на бараките во кои е сместена градската администрација, Ѓорѓиевски вели дека мора да се иселат од бараките бидејќи условите се, вели, супстандардни за вработените, а вели „јас сакам и морам да имам ефикасна администрација“.
-Што се однесува до градот Скопје и просторните услови таму, веќе разговаравме со прет на Владата Христијан Мицкоски, но и со директорот на СОЗР Ивица Томовски, веќе разгледуваме две опции кои што ќе можеме да ги примениме откако би ја преземал власта во градот Скопје. Не можам подетално да одговорам денеска, но дека ќе создадеме подобри просторни услови и за странките, но и за вработените ќе создадеме, и конечно бараките ќе се дислоцираат од Градскиот парк, рече Ѓорѓиевски посочувајќи дека таму нема да се градат ни згради, ниту хотели.