Ѓорѓиевски: Скопје е вистински обединето

Откако ќе го земам уверението ви ветувам дека макотрпно ќе работиме да ги исправиме работите во Град Скопје, но ќе ми дозволите да му се заблагодарам најпрво на претседателот Христијан Мицкоски.

Откако ќе го земам уверението ви ветувам дека макотрпно ќе работиме да ги исправиме работите во Град Скопје, но ќе ми дозволите да му се заблагодарам најпрво на претседателот Христијан Мицкоски.

Ова беа првите зборови на новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски од бината пред Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Скопје е вистински обединето и сите заедно го поразивме на куп. Да се заблагодарам на моето семејство, на моите родители, ма мојата сопруга кои се соочија со ниски удари.

Да сте ми живи и здрави, ви ветувам дека секој од вас нема да го засрамам во следните четири години.