
Ѓорѓиевски реизбран за претседател на ЗЕЛС, Меџити и Герасимовски потпретседатели
– Денес се одржа Генералното собрание на ЗЕЛС, каде повторно ја добив довербата да ја водам оваа заедница. Од срце им благодарам на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба, заедно со моите колеги, двајцата нови потпретседатели, Изет Меџити и Горан Герасимовски – информира Ѓорѓиевски.
Со едногласна одлука, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска е реизбран за претседател на ЗЕЛС.
– Денес се одржа Генералното собрание на ЗЕЛС, каде повторно ја добив довербата да ја водам оваа заедница. Од срце им благодарам на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба, заедно со моите колеги, двајцата нови потпретседатели, Изет Меџити и Горан Герасимовски – информира Ѓорѓиевски.
Тој смета дека пред нив е успешен мандат кој ќе остави значаен белег во унапредувањето на локалната самоуправа и во продлабочувањето на децентрализацијата.
Ѓорѓиевски е оптимистичен затоа што изминаа дваесет години од започнувањето на процесот на децентрализација, период во кој локалната власт созреа и се изгради јасна визија за неопходните реформи; во овој мандат располагаат со значаен човечки потенцијал и искуство, повеќе од половината градоначалници имаат најмалку еден мандат зад себе, а меѓу нив и колеги со долгогодишен континуитет и искуството од енергетската криза покажало дека кога сме обединети во рамките на ЗЕЛС можеме да изнајдеме решенија и да се справиме со најтешките предизвици.
Дополнително оптимизмот го поддржува и до тоа што „имаме јасна поддршка и партнерски однос со Владата и Премиерот Христијан Мицкоски, што резултира со ревидиран Меморандум за соработка и видлив инфраструктурен развој во општините“.
– ЗЕЛС претставува стабилна и инклузивна заедница во која сите општини настапуваат рамноправно, без разлика на политичка, етничка или верска припадност. Преку документот „Систематизирани ставови на ЗЕЛС“ и новата Стратегија за периодот 2026-2030 година, јасно ги дефинираме приоритетите и подготвено настапуваме во дијалогот со централната власт.
Во изминатиот период активно учествувавме во подготовката на измените на Законот за локална самоуправа, при што беше прифатено и нашето долгогодишно барање за воспоставување општинска комунална полиција – вели Ѓорѓиевски.
Најавува дека во наредниот период фокусот ќе биде ставен на посериозна децентрализација, особено во областа на социјалната заштита, како и на обезбедување поголема финансиска стабилност на општините.
– Ќе продолжиме со лобирање за поголем удел на општините во јавните приходи, подобра наплата на сопствените извори и понатамошен развој на електронските услуги – рече Ѓорѓиевски.