Ѓорѓиевски по невремето во Скопје: Сите капацитети се во функција за навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици
Поради силното невреме кое денеска го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции. Сите капацитети се ставени во функција, со една цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици. Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно“ – соопшти тој.
Ѓорѓиевски ги повика граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби.