Ѓорѓиевски: Одлуката на КЗК е плод на претходното раководство на ССК

Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) е за дејствија кои се случувале во февруари 2025 година во кои Сојузот за стопански комори (ССК) е вовлечен од страна на предходното раководство, непочитувајќи ги структурите и кршејќи го статутот на Сојузот на стопански комори на Македонија, посочуваат од ССК.

Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) е за дејствија кои се случувале во февруари 2025 година во кои Сојузот за стопански комори (ССК) е вовлечен од страна на претходното раководство, непочитувајќи ги структурите и кршејќи го статутот на Сојузот на стопански комори на Македонија, посочуваат од ССК.

Четири маркети фатени во „картелска игра“ – КЗК ги казни и нив и Сојузот на стопански комори

-Ова се плодовите на работењето од претходното раководство во Сојузот на стопански комори на Македонија кои се потврдуваат со паричната казна добиена од Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и со нарушување на угледот на ССК, и е една од големиот број на причини заради кои едногласно е разрешено претходното раководство на вонредното собрание во јули 2025 година, вели претседателот на ССК Горан Ѓорѓиевски.

Како нов преседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, додава, ќе ја почитуваме одлуката на Комисијата
за заштита на конкуренцијата и изречената финансиска казна и во оваа прилика би истакнал дека единствено слободниот пазар е основниот параметар според кој сe формираат цените.

-Сојузот на стопански комори е организација која повеќе од две децении работи во интерес на компаниите, стопанството и економскиот развој, почитувајки ги законските рамки и принципите на професионалност, транспарентност и независност. Нашата улога отсекогаш е да обезбедиме поддршка, информираност и размена на добри практики без какво било влијание врз деловните одлуки на компаните или нивните пазарни политики, посочува Ѓорѓиевски.

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) вчера донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата.

Со донесеното решение се изречени прекршочни санкции – глоби во износ од 3.075.000 денари за секое од трговските друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, додека на Сојузот на стопански комори на Македонија е изречена прекршочна санкција – глоба во износ од 1.143.000 денари, со цел превенција на идни нарушувања и заштита на потрошувачите и пазарната конкуренција.