
Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу за вториот круг во Скопје
„Поддршката што ја добив денес од Изет Меџити и Башким Бакиу ми дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред. Благодарам на сите кои ја препознавте визијата, дадовте доверба и избравте иднина за Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата „Вреди“, Башким Бакиу.
На средбата, Меџити и Бакиу му изразија искрена и силна поддршка на Ѓорѓиевски за претстојниот втор круг од локалните избори во главниот град.
„Поддршката што ја добив денес од Изет Меџити и Башким Бакиу ми дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред. Благодарам на сите кои ја препознавте визијата, дадовте доверба и избравте иднина за Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека заедно со граѓаните ќе го направи Скопје „повторно горд, модерен, достоинствен и отворен град за сите што живеат во него“.
„Скопје го правиме заедно – по скопски! Победата ќе биде историска!“, порача Ѓорѓиевски.