Ѓорѓиевски: Во комуникација сме со Владата за нови еко автобуси
„По започнувањето на изградбата на првата од трите линии на ‘Градскиот воз’, следен приоритет ќе биде подготовката на другите две линии – кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци. Град Скопје е веќе во комуникација со Владата за набавка нови еко автобуси кои значително ќе го подигнат јавниот превоз на едно високо ниво“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.
Подобрување на транспортниот систем преку реализација на проектот „Градски воз“, набавка на нови еколошки автобуси и модернизација на инфраструктурата во Скопје биле во фокусот на денешната средба меѓу градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
Како што информираат од Град Скопје, на средбата било нагласено дека е неопходен нов и сеопфатен план за трансформација на сообраќајниот систем во главниот град, со цел да се постигне поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните.