Ѓорѓиевски: Во Град Скопје има превработеност

„Дваесет и пет хигиеничарки не ми требаат мене. Еве не ми требаат 25 хигиеничарки, но има во Град Скопје. Десетина шофери не ми требаат, еве сам се возам уште. Се возев во Кисела Вода сам, се возам и сега. Најбезбедно се чувствувам така. Тоа е мое лично право на избор. Нема ниту обезбедување, имам соработник кој што ми помага околу ова“, порача Ѓорѓиевски.

Во Град Скопје има превработеност. Ова вечерва во интервју на ТВ Телма го изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој рече дека толкав број на вработени нему не му се потребни во Град Скопје.