Ѓорѓиевски: Возачите на ЈСП сами ќе си плаќаат казни од „сејф сити“

Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје отсега самите ќе го сносат трошокот за сообраќајните прекршоци, а доколку не може да се утврди кој точно возел, одговорноста ќе ја сносат шефовите на возниот парк.

Ова денеска го изјави градоначалникот на Скопје – Орце Ѓорѓиевски.

„Доколку возач помине на црвено или надмине брзина, казната нема да оди на сметка на претпријатието. Возилата нема да можат да стартуваат без картичка од возачот, за точно да знаеме кој управува во секој момент. Доколку не може да се утврди возачот, одговорноста ќе ја сноси шефот на возниот парк“, појасни Ѓорѓиевски.

Тој рече дека градот ќе инсталира и специјални мерачи на гориво и ГПС-уреди за да се спречат долгогодишните злоупотреби и кражби на нафта.